По неколку децении „манија“ за слабеење, повеќето жени денес би сакале да имаат поголем задник, а тоа е и еден од омилените атрубути кај машката популација!
На Инстаграм ќе видите девојки кои ги усовршиле своите пози за фотографирање, така што задникот им изгледа поголем, а оние што имаат пари и желба за тоа, одат да си стават совршен задник на пластичен хирург!
Старлетата Ким Кардашијан го направи овој тренд хит пред повеќе од една деценија, а со тоа им помогна на жените кои беа загрижени од прекумерните облини. Одеднаш станаа хит!
Балкански пример – Карлеуша го истакнува својот задник во секоја модна комбинација!
Но, како станавме толку опседнати со големиот задник? Очигледно, благодарение на нашите предци.
Во својата книга „Голиот мајмун“ од 1967-ма година, зоологот Дезмонд Морис објасни како нашите претходнички го користеле задникот за да сигнализираат дека се подготвени за акција!
– Во одреден момент од нашата еволуција, се префрливме на парење лице в лице и задникот веќе не се користеше за да дава сигнали. Ова се случи кога престанавме да одиме на четири нозе, како мајмуни, и застанавме исправено. Тоа го направи сексуалниот контакт повеќе личен, и тоа претставуваше транзиција кон нов развој на врските во кои паровите остануваат поврзани подолго – воспостави тој.
Но, авторот вели дека заоблениот задник сепак е еден од примарните сексуални сигнали и можеби тоа е причината што жените повторно обрнуваат внимание на овој дел од телото.
Пејачките со голем задник како Џенифер Лопез, Иги Азалеа и Ники Минаж посветија некои од своите песни на „неговото величество“.
Џеј Ло ја има песната „Booty“ од 2014-та година, која има повеќе од 217 милиони прегледи на Јутјуб платформата, додека во „Анаконда“ Ники Минаж пее за нејзиниот најпознат адут.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


