Италијанската актерка ги остави без коментар присутните во Венеција

49

Харизматичната Мадалина Генеа ќе имате можност да ја гледате во филмското остварување „The House of Gucci“ како младата Софија Лорен.

Доколку досега не сте слушнале за убавицата Мaдалина, ова е можност да ја запознаете во едно импозантно издание во кое се појавила на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција.

Италијанската актерка со потекло од Романија позирала на црвениот тепих пред премиерата на филмот „Lost Illusions“, а со својата несекојдневна и специфична креација ја покажала убавината и засенила многу од истакнатите актерски ѕвезди.

Мадалина избрала да носи црн фустан со ексцентричен крој кој се состои од чипка, а на прв поглед изгледа толку мистично.

За да направи контраст избрала бели сандали и нараквица од истиот дезен.

Актерката многумина ја споредуваат со славната Софија Лорен поради цртите на своето лице, но и поради извајаната фигура која невозможно е да не ја воочите.