Италијанскиот апелационен суд во Милано, ја одби жалбата на Робињо за деветгодишната казна затвор поради силување на млада девојка во 2013 година.
Робињо и неговиот пријател Рикардо Фалко беа обвинети за силување на албанска девојка која таа вечер го прославувала нејзиниот 23. роденден во клуб во ноќен клуб во Милано. Заедно со нив двајца биле уште четворица, па обвинението е дека шест луѓе ја силувале девојката, но против другите четворица се отфрлени обвиненијата и тие се слободни. Робињо и Фалко покрај деветгодишната затворска казна треба да платат и отштета од по 60.000 евра.
Тие имаат право на уште една жалба до највисокиот италијански суд, доколку не успеат да докажат невиност и таму, тогаш италијанските власти ќе побараат меѓународен налог за апсење по што ќе следува издржување на казната.
Во меѓувреме Робињо требаше да потпише за Сантош, но токму поради овој случај трансферот пропадна, наводно бразилскиот клуб сакал да му даде на фудбалерот слобода да се подготви за одбрана од тужбата. И во 2009 година додека играше за Манчестер Сити, Робињо беше обвинет за силување во ноќен клуб во Лидс, но тогаш обвиненијата паднаа, овој пат славниот фудбалер може да се соочи со тешки последици.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











