Италија го затвори најголемиот центар за мигранти на Сицилија

955

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој се смета за најголем во Европа, поради намалувањето на приливот на мигранти од минатата година.

Од лани бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000. Податоците на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека годинава во Италија пристигнале 3.073 мигранти, во споредба со истиот период лани кога бројката изнесувала 17.000, а во 2017 година – 85.000.