ИСИС повторно се заканува: Најавуваат напад на Олимпискиот стадион во текот на Светското првенство во фудбал

869

Терористичката група, која изнесува закани пред сите поголеми спортски настани и празници, тврди дека во Русија има џихадисти кои планираат да извршат напади.

Играчите и навивачите на Светското првенство се соочуваат со уште една терористичка закана на ИСИС, откако било објавено пропагандно видео кое прикажува масакр на Олимпискиот стадион во Сочи.

Компјутеризираните снимки покажуваат како бомби експлодираат внатре и околу стадионот во Сочи, додека дронот на ИСИС го надлетува местото.

Терористичката група, која изнесува закани пред сите поголеми спортски настани и празници, тврди дека во Русија има џихадисти кои планираат да извршат напади.

Видеото кое го објавил пропагандниот канал поврзан со ИСИС, е последно во низата закани од терористите, кои исто така објавиле и голем број на постери во кои најавуваат масакр каков што досега не е виден.

Фудбалскиот Олимписки стадион во Сочи, кој бил домаќин на Зимските Олимписки игри во 2014. година, може да прими речиси 48.000 посетители.

Во петок на распоредот на тој стадион треба да играат тимовите на Португалија и Шпанија, а во понеделник Белгија и Панама.

Светското фудбалско првенство започна денес со натпреварот меѓу Русија и Саудиска Арабија, кој домаќинот го доби со 5-0. Руските власти ги убедиле играчите, навивачите и другите учесници дека ги преземале сите неопходни безбедносни мерки и се подготвиле за низа можни сценарија.