Иран тврди дека го срушил американскиот шпионски дрон: Што е следно?

317

Иранската револуционерна гарда го сруши американскиот шпионски дрон во јужната покраина Хормозган, навеле во четвртокот од интернет страницата „Sepah News“.

Како што најавуваат од иранската телевизија „Pres“, иранските воздушни сили го срушиле дронот во провинцијата Хормозган, на југ од земјата.

Станувало збор за беспилотно летало “глобал хок“, наведуваат од иранската државна телевизија која својата програма ја емитува на англиски јазик.

Напнатоста меѓу Иран и САД се “заострила“ од минатата година откако претседателот на САД, Доналд Трамп во 2015-та година, излегол од нуклеарниот договор момеѓу Техеран и светските сили и ги обновил санкциите кон таа земја.