Трокатниот вијадукт на делницата на автопатот на планината Тианлонг, висока 1.370 метри, станал главна атракција во Кина.
Мостот на северозападот на Кина станал главна точка на собирање бидејќи многу жители се возат до планината за да го видат спектакуларниот проект и да ги споделат своите фотографии на социјалните мрежи.
Кружниот мост има вкупна должина од 30 километри и се простира на споменатата планина. Од воздух мостот изгледа како џиновски змеј кој лебди над планината.
Three-story highway bridge becomes latest hot spot in NW China pic.twitter.com/x7QMw0BJqV
— CGTN (@CGTNOfficial) December 27, 2018
Вијадуктот го носат столбови со повеќе од 7.000 тони челик, а наскоро би требало да биде завршен и пуштен во сообраќај.
Ова е само уште еден импозантен проект во низата кој е изграден во Кина последните години, кога станува збор за мостови.