Две момчиња загинаа во сообраќајка во Струмичко

286

Две момчиња на 14 и 15 годишна возраст го загубија животот во сообраќајна несреќа која, десет минути по полноќ, се случила на влезот во струмичкото село Петралинци.

До несреќата дошло откако се судриле возило „алфа ромео“ управувано од Д.М. (28) од Струмица и моторцикл на кој се возеле двете момчиња од селото Дрвош.

Увид на местото изврши екипа на СВР Струмица.