Поранешната сопруга на познатиот Фил Колинс, Оријана Севеј, го тужела музичарот обвинувајќи го дека го прекршил нивниот договор според кој требал да ѝ даде половина од куќата во вредност од 40 милиони долари.
Во тие документи Колинс го опишала како скитник кој не ги измил забите, ниту себеси, со месеци.
Оријана, која му кажала на Колинс дека оди на службен пат и во таа пригода се омажила за друг маж, тврди дека музичарот во 2017 година почнал многу да пие и додава дека често паѓал од комбинацијата на лекови на рецепт и прекумерен алкохол.
Открила и дека неколку пати си ја удрил главата кога паднал и се пријавувал во болница под псевдоним. Исто така, тврдела дека до 2019 година Колинс станувал сè подепресивен, повлечен насилник и по операцијата на грбот, сè позависен од антидепресиви и таблети против болки.
„Не можеше да има се*с. Престана да се тушира, да мие заби и да се облекува нормално. Всушност се нема истуширано и ги нема измиено забите од 2019 до август 2020 година кога го напушти нашиот дом“, рекла Севеј.
Исто така рекла дека тој повеќе не е во состојба да прави песни или да снима музика и дека бил емоционално и вербално насилен кон неа, како и дека често ги игнорирал потребите на своите деца.
Адвокатите на Колинс тврдат дека нејзината судска пријава содржи докажано лажни, нематеријални, безобразни, скандалозни и превртливи обвинувања кои немаат никаква врска со правните барања во овој случај.