Новата, трета сезона од популарното автомобилско шоу чии домаќини се Џереми Кларксон, Ричард Хамонд и Џејмс Меј, започнува кон половината на јануари.
Судејќи по кадрите од првиот трејлер, не’ очекува интересна сезона со голема возбуда и тестови на најновите модели на автомобили кои се снимани на локациите ширум светот, во разновидни климатски услови.
Во потрага по авантура и интересни предели и патишта за возење, популарната водителска тројка обиколила многу земји меѓу кои се и Кина, Колумбија, Шведска, Монголија и САД.
Во трејлерот, помеѓу останатото, можеме да видиме и како Хамонд во трилер амбиент преминува тесен дрвен мост над провалија со пикап, возење на Lamborghini SUV по снег и тестирање на новиот хиперспортски модел McLaren Senna.
“Grand Tour” се емитува еднаш седмично на каналот “Amazon Prime”, но се уште не е познато колку епизоди се снимени за новата сезона. Во секој случај, првата ќе биде емитувана на 18-ти јануари.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















