Игор Џамбазов дочека дедо му Петре Прличко „новокомпонираните скопјанки“ наместо како актерска легенда, да го третираат како сексуален објект

644

Игор Џамбазов ја живее својата втора младост. Македонскиот актер, водител и шоумен, откако „одблизу ја запозна“ планинарката Илина Арсова, доживува тотална реинкарнација на животот во секој поглед… Особено во љубовниот.

Размена на нежности, љубов и разбирање, хармонија на душата, спокој на умот и растрепереност во срцето – нешта што веројатно заедно, на едно купче, оддамна ги немаше почувствувано. НО, како велат: „За секое грнче има капаче“, па така и за Џамбазов се најде “сродна душа“ да го слуша… Или тој неа, сеедно. Важно да им е убаво.

Но, додека Игор и Илина во природна дивина ги уживаат исконските убавини на взаемната љубов, неговиот покоен дедо, македонската и екс ЈУ актерска легенда, бардот на театарското, филмското и ТВ глумиште Петре Прличко и покоен не го оставаат на мира.

Игор најпрвин во стилот на наговиот идол Раде Шербеџија рецитираше стихови од  Константин Миладинов, веројатно алудирајќи  на автобиографските спомени од еден дел на својот некогашен живот, па налета на фотографија на која „новокомпонираните скопјанки“ повеќе од непристојно, да не речеме срамно се понесоа кон неговиот покоен дедо, Петре Прличко.

View this post on Instagram

Константин Миладинов

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Имено, на фотографијата која Џамбазов ја соделил се гледа млада девојка која „натртена“  со задникот и се нуди на раката на статуата на покојниот македонски актерски бард, поставена крај кејот на Вардар во близина на новиот театар , да ја пофати за га*ето! Патем окезена од уво до уво, среќна што „ниските страсти“ ќе си ги задоволи, ако не поинаку, барем визуелно… на фотографија! За спомен и долго сеќавање, на неизмерната глупост и сопствениот примитивизам, секако!

На тоа Џамбазов во својот коментар покрај објавената фотографија на Инстаграм, само кусо додал: „Ех, дедо беее…“, веројатно сакајќи да каже  до кое дереџе стигнавме, без подетално да ја коментира„скопската мераклика“, ако  воопшто е скопска, која оние што ја познаваат бргу ќе ја препознаат, ама на сите едно им е јасно: Очигледно на девојката очајно и недостасуваат две важни нешта – елементарна култура и момче!

До душа, не е прв пат некоја од „напалените новокомпопнирани скопјанки“ своите потреби јавно да ги искаже на ваков начин. Колку за потсетување, фотографијата на „напалената тигрица“ која додека со две раце му ја држеше, се сликаше како му ја лиже опашката на еден од лавовите на скопската фонтана на плоштадот Македонија!

Тогаш опашката на лавот, сега раката на акерот… Што ли е следно? Можеби токму она што некој го напишал во коментарите под срамната фотографија на сексуалниот акт кон статуата на легендарниот Прличко:

„Ме чуди само како мачево, не се надена на бастунчето?“ Како тргнало…