Поради масовното иселување на луѓето од Хрватска, многу работодавци се во потрага по нови работници. Овие неколку недели во земјата често може да се видат натписи „Бараме работници“.
Но, ова барање, и покрај понудата на солидни плати и разни други бенефиции, често се покажува залудно. Но, на голем број работодавци спас им се – студентите.
На студентите им се нудат работни места како келнери, готвачи, продавачи, чистачи, пакувачи… Според ценовникот на Студентскиот сервис, заработката за еден час може да биде следна: чистење куќи и перење алишта (35 куни), чистење килими, сечење дрва, селидба и пренесување градежни материјали (50 куни).
Со оглед на големата побарувачка за работници, и нашите студенти би можеле да си ја пробаат среќата во Хрватска и да се обидат да заработат џепарлак.