Од денес Град Скопје со низа активности ќе ја одбележи Европската недела на мобилност што годинава се одржува под мотото „Пешачи со нас – Сигурно пешачење и возење велосипед“.
Целта е да се поттикнат граѓаните да ги променат навиките и почесто да користат активни начини на движење или да го комбинираат пешачењето и возењето велосипед со користење јавен превоз.
Пред околу половина век пешачењето и возењето велосипед го практикувале сите оние кои не можеле да си дозволат да поседуваат и користат автомобил. Меѓутоа, состојбата денес е поинаква и градовите повеќе не се во можност да го поднесат огромниот метеж од возила кои секојдневно ги загадуваат и заглавуваат улиците, велат од Град Скопје.
Активностите со кои ќе се одбележи Европската недела на мобилност ќе траат до 22 овој месец.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















