По долго очекуваните разговори меѓу американскиот и кинескиот претседател, Доналд Трамп и Кси Џинпинг, одржани во саботата на самитот Г20 во Аргентина, Кина се согласила да ја промени класификацијата на фентанилот во “контроверзна супстанца”, а Белата куќа вели дека тоа е “прекрасен хуманитарен гест”.
Фентанил е екстремно моќен опијат кој се користи како лек против болки и заедно со други супстанци за анестезија. Посилен е од морфиумот 50 до 100 пати, а од хероинот 30 до 50 пати.
Според податоците на американската Администрација за наркотици – DEA, еден килограм фентанил купен во Кина за 3-5.000 долари може да убие половина милион луѓе. Инаку, не е прв пат Кинезите да ветат дека ќе го стават фентанилот на листата на контролирани супстанци, бидејќи тоа прв пат било направено во 2016-та година кога на власт на САД бил Барак Обама.
Кинеското министерство за надворешни работи соопштило дека одлучило цела категорија од супстанцата од типот фентанил да одреди како “контролирана супстанца”, и да почне процес на ревизија на релевантни закони и прописи. Кина и САД се согласиле да преземат активни мерки да ја зголемат соработката на планот на спроведување на законот и контролата на наркотиците, вклучувајќи и контрола на супстанцата од типот фентанил, се наведува во соопштението.
Белата куќа истакнала дека новата категорија од овој синтетички опијат значи дека луѓето од Кина кои продаваат фентанил во Америка ќе бидат подложени на максимални законски казни во Кина, а како што наведуваат некои медиуми, дури и смртни.
Трамп и Кси се сретнале во саботата на вечера, на маргините на самитот Г20 во Буенос Аирес. Новата ознака на фентанилот е еден од резултатите на тој разговор. САД исто така се согласиле да ја задржат тарифата од 10 проценти на кинеската роба вредна 200 милијарди долари, наместо да ја кренат на 25 проценти, наведуваат од Белата куќа.
“Нечуено е отровниот синтетички хероин фентанил да доаѓа во САД по поштенски систем од Кина. Ние мора да ставиме крај на ова сега!”, навел тој.
Ју Хаибин, службеник на кинеската Национална комисија за контрола на наркотици, рекол дека коментарите на Трамп се неодговорни и дека САД немаат докази дека фентанилот доаѓа од Кина.
Меѓутоа, официјален Вашингтон верува дека Кина е главен извор на фентанил кој се наоѓа во американските граници. Трамп минатата година прогласил криза со опијати во САД и укажал на тој проблем кога се сретнал со Кси во Пекинг кон крајот на минатата година.