Бикот е знак кој не се истакнува премногу, знак кој воодушевува со својата добрина и племенитост, но истовремено е знак кој многумина не можат да го разберат.
Биковите се луѓе кои се однесуваат многу разумно и одговорно, тие секогаш настојуваат да бидат фер и коректни со сите и секогаш ги исполнуваат своите ветувања. На Бикот, повеќе отколку кој било друг знак, му е исклучително важно да стои на својот збор и да го одржи своето ветување, бидејќи за Бикот, неговиот збор е нешто од големо значење.
Биковите имаат нежно и големо срце кое може да прости на сите, особено ако тоа се луѓе кои навистина им се блиски.
Тие се однесуваат многу едноставно, односно се обидуваат да бидат едноставни и тие сакаат на сите јасно да им стават до знаење дека кај нив сѐ е праведно. Тие многу го ценат она што другите го прават за нив, тие се многу благодарни за секоја добра постапка, секое добро дело и секоја помош која ќе ја добијат и подготвени се дупло да возвратат на тоа.
Но, тие не поднесуваат лоши луѓе, не поднесуваат луѓе кои сакаат да озборуваат, да им судат на други луѓе, луѓе кои лажат. Луѓето родени во овој хороскопски знак се борат токму против таквите луѓе и не сакаат да бидат опкружени со лоши луѓе. Освен тоа, за Биковите најважно нешто е вистината, затоа не се ни обидувајте да ги лажете доколку сакате да ги имате во својот живот.
Поради своето нежно срце, тие често прават работи на своја штета. Дури и кога знаат дека некој ќе ги повреди, тие сепак имаат доверба во таа личност. Такви се тие – племенити суштества со голема душа.
Најчесто слушаме за тоа дека Биковите се тврдоглави и материјалисти, но никој не зборува за другата страна на Биковите кои имаат проблеми во животот заради својата искреност. Биковите секогаш ќе се борат против каква било неправда, дури и кога таа неправда не се однесува на нив.
Биковите се искрени, чесни и праведни и не е ни чудо што многумина ги обожаваат луѓето родени во овој знак.