Јавното сообраќајно претпријатија „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката за набавката е почната вчера. Тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.
– Од вчера официјално ја почнавме постапката за набавка на 40 нови еколошки автобуси на гас кои ќе го променат јавниот транспорт во градот и нема да ја загадуваат околината. Управниот одбор со поддршка на ЈСП и Град Скопје ја почна постапката за добивање кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони денари со еден отсто камата, три години грејс период и седум години отплата, а за кое задолжување ја добиваме и државната гаранција, рече денеска на прес-конференција градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов
Тој додаде дека очекуваат наесен со консултанти од ЕБРД да го распишат тендерот за набавка на автобусите, а договорот за новите автобуси ќе биде потпишан до крајот на оваа година.
– Наша цел е две третини да бидат зглобни нископодни автобуси. Скопје заслужува најмодерни технолошки решенија. Новите автобуси ќе трошат двојно помалку, а најголемата предност е што емитуваат значително помалку ПМ 10 честички во амбиенталниот воздух. Дури 90 проценти емисијата на штетни гасови е помала од дизел автобусите, додаде Шилегов.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











