Холандија дозволи девојки да играат во машкиот фудбал

120

Кралската фудбалска федерација на Холандија, одлучи најталентираните фудбалерки од оваа земја од следната сезона да можат да се приклучат на аматерските машки клубови, односно тие кои се надвор од првите две лиги на Холандија.

Досега во Холандија беше дозволено млади фудбалерки да играат во јуниорските категории, но сега ова е проширено и во аматерскиот фудбал.

„Во ова модерно време, не гледаме причина да се држиме до правилото за машки тимови. Потребна е еднаквост и разновидност“, изјави Јан Дирк ван де Зе, претседателот на асоцијацијата за аматерски фудбал.

Оваа одлука доаѓа по испитувањето на ситуацијата, вклучувајќи дозвола на 19-годишната Елен Фокема да добие дозвола да игра за четвртолигашот Фоарут, чиј член е од својата петта година. Поради пандемијата на КОВИД-19, аматерскиот фудбал во Холандија беше откажан по само седум меча.