Хеликоптери полнат вода од реката Вардар за да ги гаснат пожарите кај Сарај

581

Армиските хеликоптери полнат вода од реката Вардар за да го гаснат пожарот во Сарај.

За овој нивен подвиг, полнење вода од исклучително густо населен и урбанизиран терен тие добиле пофалби од граѓаните на социјалните мрежи.

Освен воодушевените граѓани, на социјалната мрежа Фејсбук се огласила и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска:

„Секоја чест за пилотите – полнат вода од Вардар и гаснат во реонот на Сарај“, напишала таа.