Шеснаесетгодишно дете ја донело инфекцијата дома, умреа и таткото и мајката и бабата и дедото, вели проф. д-р Методи Чепреганов во интервјуто за „МКД.мк“ и посочува дека од неодговорните млади, со суета и инает, страдаат сите.
Не сакам да плашам, ниту да трауматизирам. Но тоа е една животозагрозувачка состојба. Не затоа што јас мислам така, или некој друг, туку светот се најде во една биолошка војна и голем дел од македонскиот народ тоа го сфати. Носат маски, се пазат, зашто тоа е единствениот начин. Но има 30 отсто и повеќе, посебно од младите, со суета и инает, хипертрофирано его, и страдаат сите. Имам пример на семејство, 16-годишно дете ја донело инфекцијата дома, умреа и таткото и мајката и бабата и дедото. Сите ги „исчисти“ поради својата непослушност, неконтролираност. Не може да сфати дека тој е преносител на тоа. Тоа е првиот дел од „играта“, кој се вика суета и инает, вели Чепреганов.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















