Што е она што ги издвојува вистинските дами од останатите? Ова се карактеристиките

263

Иако многумина мислат дека дамите и џентлмените и нивното однесување се работи кои се изумрени, сепак некои од карактеристиките на жените кои порано се сметале за дами важат и денес. Ова се карактеристиките кои ги краселе жените кои порано биле сметани за дами:

Вистинските дами немаат тетоважи на видливите делови на телото. Тоа за нив е интимна работа.

Вистинските дами одговараат со: „Молам?“, а не со: „А?“. Основна култура и бон-тон се многу важни.

Вистинските дами никогаш нема да запалат цигара на улица и да шетаат со цигара во рака.

Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Ниту пренакитени, ниту развлечени. Едноставно секогаш изгледаат пристојно без оглед на поводот.

Вистинските дами никогаш не пцујат. Никогаш нема да слушнете пцовка или погрден збор од една дама. Тоа не е на нивното ниво.

Вистинските дами никогаш нема да си дозволат себе си да бидат во друштво на некултурни личности, без оглед на тоа дали се работи за мажи или жени. Тие се оттуѓуваат од нив, бидејќи не поддржуваат такво однесување.

Вистинската дама секогаш мириса убаво. Не става премногу парфем, само доволно за да привлекува со својот мирис.

Вистинската дама има гордо држење. Исправен грб и сигурен став е показател за достоинство.

Вистинската дама не носи многу накит. Суптилни обетки, некој шармантен прстен или ланче оддаваат впечаток на нежна жена.

Вистинската дама секогаш знае што сака, а што не сака.

Вистинската дама секогаш вели: „Ве молам“ или „Благодарам“.

Вистинската дама не е надмена, таа е едноставно достоинствена.

Вистинската дама никогаш не лаже, но внимава кога и како ги искажува своите ставови.

Вистинската дама не сака да изгледа како некоја друга, таа има свој стил и манири.