Хајди Клум веќе извесно време ужива во врската со своето 17 години помладо момче Том Каулиц, кој денеска ја запросил.
Една од најпосакуваните жени на светот наскоро ќе застане на “лудиот камен”, а ова за неа ќе биде трет брак. Таа беше во брак со Рик Пипин со кој ја има најстарата ќерка, а подоцна се венчаше и со пејачот Сил со кој има три деца.
Некогашниот супермодел е во врска со гитаристот на бендот “Tokio Hotel” од почетокот на оваа година, а на Инстаграм објавила фотографија на која го покажала вереничкиот прстен.
Клум на својот Инстаграм профил објавила црно-бела фотографија каде јасно се гледа прстенот, но и нивната среќа, и напишала: “Кажав да”.