Гвардиола ја откри причината зошто го избрка Ибра од Барселона?

789

Пеп Гвардиола, сегашниот стратег на Манчестер Сити, немаше добри односи додека беше во Барселона со еден од најдобрите напаѓачи во светот фудбалот, Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот дојде како големо засилување во 2009 година, но прерано си замина, без образложение.

Пеп и Ибра беа во конфликт и за тоа и двајцата говореа јавно. Но, никогаш не ја открија вистинската причина, зошто двајцата толку не се поднесуваат. Ибрахимовиќ не добиваше шанса, Пеп го „избрка“ од Барселона, а по долги години, Шпанецот како да ја откри вистината.

„Не постои играч што не размислува да игра во одбрана. Барселона почна да игра многу подобро кога Михаел Лаудруп играше на позицијата „лажна деветка“, а исто така истото се случи кога Лионел Меси го зазеде тоа место“, изјави Пеп.

Токму кога Гвардиола го употреби Меси како „лажна деветка“, почнаа проблемите со Ибрахимовиќ. Истовремено, Швеѓанецот не сакаше да помага и во одбраната, но Пеп одби да открие дали овие настани се причината за почетокот на меѓусебното нетрпение во Барселона.