После дводневната конфузија околу отворањето на Грчките граници, првите туристи пристигнале во одморалиштата.
Сепак, плажите и понатаму се полупразни. Пристигнале и неколку илјади Срби, кои се изненадени што воопшто нема гужва.
Додека некои туристи признаваат дека е непријатно, на други им се допаѓа што владее мир на плажите.
„Ние 3-4 генерации веќе имаме хотел. Ниедна година не било вака тешко како оваа“, рекол угостителот Јанис Самарас.
„Мора да се отвори Евзони, бидејќи сакаме да нѝ доаѓаат туристи од Србија“, додал тој.
Цената на сместувањето и храната се исти како минатата година, но Грците се убедени дека наскоро ќе има многу повеќе туристи.