Јувентус е на колена, Купот на Италија оди во рацете на Наполи. Екипата од југот на Апенините се покажа како подобра во изведувањето на пенали откако 90 минути игра немаше голови.
По шести пат во историјата на клубот, трофејот од Купот им припадна на момците во сини дресови, а трет пат во оваа деценија. Меѓу хероите на триумфот е и нашиот Елиф Елмас кој влезе во 88 минута од мечот и имаше огромна шанса во последните секунди да донесе победа, но Буфон беше фантастичен на голот. Маурицио Сари и понатаму останува без ниту еден трофеј во својата кариера.
Во првото полувреме Јувентус ја имаше топката повеќе во свој посед, а Наполи создаваше повеќе шанси. На Буфон прво му се закани Лоренцо Инсиње од слободен удар, но топката ја погоди стативата. Подоцна шанса имаше и Деме, но повторно Буфон беше сигурен, исто како и пред крајот на полувремето кога повторно го одбрани шутот на Инсиње.
Во второто полувреме Јуве повторно ја држеше топката во свој посед, но поголеми шанси освен еден шут на Дибала немаше. Наполи во самиот финиш, поточно во последните секунди, имаше голема шанса преку Максимовиќ и нашиот Елмас, но Буфон со две фантастични интервенции го спаси својот клуб и го одведе мечот на пенали.
Таму сепак немаше спас за „Старата дама“ бидејќи играчите шутираа навистина лошо. Дибала и Данило ги промашија првите два шута за Јувентус, додека на спротивната страна сите кои шутираа за Наполи беа прецизни.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












