Го победи Интер па се “понуди” на Милан

678

Играчот на Болоња, Никола Сансоне имаше интересна изјава која го стави во центарот на вниманието во италианските медиуми.

30 годишниот напаѓач беше главна фигура во победата над Интер од 2:1 при што градскиот ривал Милан ја задржа предност од 2 бода на четири кола пред крајот на првенството. По грешката на голманот Раду, Сансоне ја затресе мрежата на Интер па сега сам му се понуди на Милан за наредната сезона.

“Се надевам дека Малдини или некој од Милан виде што направив. Можеби ќе ми се заблагодарат и ќе ме доведат кај нив на позајмица? Можеби догодина ќе играм во Лигата на шампионите во црвено/црно?” – шеговито изјави Сансоне.

Димитар Младеновски