Меган Маркл не е првата актерка на чиј шарм „паднал“ британскиот принц.
Војводата од Сасекс – принцот Хари, од 2018 година е во брак со некогашната актерка Меган Маркл, а таа не е првата позната личност со која што тој бил во врска.
Добро се познати и неговите љубовни врски со Ели Голдинг и Кресида Бонас, а странските медиуми сега пишуваат дека бил и во врска со суперѕвездата и двојна добитничка на Оскар – Џенифер Лоренс.

Како што открил непознатиот извор, принцот Хари и американската актерка се запознале на некоја хуманитарна вечер, на која што синот на Лејди Ди не можел да престане да ја гледа Џенифер.
Наводно тогаш тој чекал сите да станат за да може да ѝ пријде на актерката и да ѝ се претстави, а токму тогаш ѝ кажал дека таа е најубавата жена на светот.
На актерката наводно ѝ било симпатично колку принцот е храбар и самоуверен.

„Продолживме да разговараме до доцна вечерта, а на разделбата Хари ѝ кажа дека би сакал повторно да ја види. Средба закажаа за три дена и уште таа вечер се бакнаа. Хари беше на „седмо небо“, а неговите пријатели изјавија дека никогаш не го виделе посреќен и повозбуден“, раскажал изворот.
Нивната романса траела само еден месец, а изворот додал дека истата била полна со страсти.

Сепак, Џенифер не била подготвена за врска со принц затоа што, евентуално да дошло до брак, таа не би сакала да биде дел од кралското семејство.
Бидејќи актерството е нејзината вистинска љубов, била свесна дека би морало да се откаже од него доколку врската со принцот стане сериозна, а тоа не го посакувала.