Планинар од американската сојузна држава Јута го доживеал најголемиот страв во животот откако пума го демнела шест минути.
Мажот кој што на Јутјуб се претставува како Kunkyle Z го објавил видеото од средбата со пумата, а истото за само два дена добило над 2,8 милиони прегледи.
На својот излет во природа тој сретнал пума која што го демнела шест минути и неколку пати се обидела да го нападне. Тој вели дека мислел дека наишол на рис, но на крај сфатил дека станува збор за мала пума, а неговата мајка не била среќна што го гледа.
Од застрашувачката средба со пумата, дивата мачка која што е распространета низ САД и на која што ѝ треба поголем простор за живот од другите животни, човекот излегол неповреден, благодарение на паметната реакција.
Тој неколку пати вреснал пред пумата и ѝ замавнувал со рацете за да ја исплаши, а на крајот таа побегнала во шумата.
Погледнете како изгледало тоа:














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















