Главниот шведски епидемиолог се покајал: Жал ми е! Мислевме дека ќе го избегнеме ова, но не успеавме

780

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, рекол дека многу жали поради неуспехот да се заштитат домовите за постари и немоќни лица од коронавирусот, и поради големиот број на починати.

“Веројатно мислевме нашето општество кое е раздвоено по возраст, ќе ни овозможи да избегнеме италијанско сценарио, каде различни генерации често живеат заедно, но тоа се покажа како неточно. Стапката за смртност на која сме сведоци во Шведска е грозна и требаше да ја избегнеме”, рекол Тегнел.

Тој бил главен епидемиолог на шведската стратегија во борбата против вирусот, која ја опишал како “класична”.

И покрај напорите, шведскиот здравствен систем успеал да се носи со пандемијата, смета 64-годишниот епидемиолог.

Шведска заземала поблаг пристап во борбата против вирусот од други држави.

Жителите се повикани да избегнуваат патување, а да одржуваат социјална дистанца и да останат дома ако се повозрасни или имаат поблаги симптоми. Јавните собири се ограничени на 50 луѓе.

Забележани се околу 62.300 случаи на зараза, и повеќе од 5.000 смртни случаи.