Во Русија се гласа за промена на Уставот со која би можело да се овозможи претседателот Путин да остане на власт до 2036 година. Преглед на другите промени кои се планирани.
Среде пандемијата на корона вирусот со дневно околу 8 илјади новозаразени, Русите се повикани да излезат на гласање. Денеска започнува гласањето, кое ќе трае една недела, околу промени во рускиот Устав – со далекусежни последици. Би било огромно изненадување ако референдумот не успее, бидејќи и покрај падот во популарноста рускиот претседател и натаму има стабилно јадро на приврзаници.
Неограничен мандат за Владимир Путин?
Според важечкото право, за рускиот претседател најдоцна до 2024, по два мандата, треба да е крај. Но, тој самиот воопшто не размислува за повлекување од политиката. Со промената на уставот Путин сака да вметне исклучок за себе кој треба да му овозможи да се кандидира за претседател и по 2024 година. Претседателот неодамна изјави дека уште не одлучил дали сака да продолжи. По стапувањето на сила на промените би можел теоретски да владее за време на уште два мандата, до 2036, бидејќи еден трае шест години. Путин тогаш би имал 83 години. За сите идни кандидати пак треба да важи ограничувањето дека за разлика од досега, претседателското место не смее да се окупира најмногу во два последователни мандати, туку сѐвкупно два пати.
Дали Путин навистина ги крати овластувањата на претседателот?
Русија и до сега е претседетлски систем кој на претседателот му дава далекусежни овластувања. Но, со новата реформа рускиот владетел ќе има уште поголем простор за делување. Во промената на Уставот се вели дека претседателот може да ги води „општите работи на владата”. Владата значи веќе нема да одлучува во кој правец ќе се развива земјата. Таа само во склад со иницијативите на претседателот „ќе ја организира работата”.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















