Гинеколозите се фатиле за глава кога ја пораѓале Александра Кимова

264

23-годишната Александра Кимова дознала дека чека бебе и била пресреќна. Бременоста се одвивала во ред, но на породувањето и докторите се фатиле за глава.

Оваа девојка од Чешка и сопругот веќе имале едно синче, а сега очекувале близнаци, но се случило нешто неверојатно.

Имено, докторите виделе дека таа носи пет бебиња. Таа со царски рез без компликации ги родила сите пет бебиња.

Семејството е пресреќно и вели не може да ја опише среќата со зборови.

За тоа како изгледа животот после раѓањето на петорка исто така најдобар пример се брачниот пар Бријана Тарнер и нејзиниот сопруг Џордан од Кентаки имале две години неуспешни обиди за дете, сè додека не откриле дека таа е бремена со петорка.

Бријана се породила во мај минатата година. За животот со 5 бебиња таа открива интересни детали.

Вели дека имало денови кога ги пресоблекувала бебињата и по 4 пати, што значи 5 бебиња по 4 пати е 20 комбинации на облека, односно три полни машини за перење облека на ден.

Бријана исто така открива дека имало и по 60 дремки на ден и хранењето се одвивало на секои 30 минути. Во една фаза вели дека за бебињата приготвувала и по 40 шишенца млеко на ден.

За среќа мајката на 30-годишната Бријана ѝ помага во голема мерка, а ангажирала и дадилка. Таа не сака да прави финансиски пресметки, но открива дека чувањето на пет бебиња се мери во илјадници долари.

„Да се биде мајка на пет деца е „апсолутно лудило“. Не постои миг кога ќе ви биде здодевно во домот“, вели Бријана.

„Кога ќе го нахраните едното бебе, другото огладнува. Навистина е тешка задача да ги изнесете да ги прошетате, привлекуваме огромно внимание. Најчесто ги делам и ги изнесувам по 2 или 3.

Понекогаш животот ми изгледа дури нереално и ова ми беше навистина турбулентна година, но секое од нив има свој карактер и навистина е прекрасно да гледате како растат. Распоредот ни е густ постојано. Многу сме, па планираме да купиме поголема куќа“, додава таа.