Британска фирма им дава на вработените слободен „мамурен ден“

843

Не е лесно после бурна вечер да станете и отидете на работа. А да се јавите и кажете дека сте болни? Една шефица токму тоа го спречила. Нејзините вработени можат дури однапред да резервираат „мамурен ден“ и да останат дома. Таа направила одлична работа велат стручни лица, вработените се среќни, се развива почит, а работното место е комотно и сепак се завршува работата.
Не е секогаш лесна овој период од годината, посебно кога безопасната попладневна пијачка ќе продолжи до доцна во ноќтта, а следното утро треба да идете на работа. Затоа е многу добро да имате шефица, како британката Клер Кромптон.

Директорката на дигиталната маркетинг фирма „The Audit Lab“ вели дека нејзините вработени секогаш можат однапред да резервираат „мамурен ден“ доколку знаат дека ќе имаат бурно излегување. Таа смета дека работодавачите треба да нудат такви погодности, посебно ако сакаат да привлечат талентирани луѓе во мали места како што се Болтон во кој е и нејзината фирма.

Клер објаснила дека „мамурниот ден“ развива почит помеѓу вработените и доколку имаат ден за мамурлак нема да лажат и земаат боледување. Во што уште е разликата? На мамурниот ден сепак мораат да ја направат работата, но тоа можат да го направат на каучот дома и во пижами. Овој модел е посебно направен за милениумците кои сакаат да излегуваат сред работната недела, на пример во паб, па „мамурен ден“ си резервираат однапред. Всушност, сосема е логичната одлука на шефицата која на веб-страната на компанијата се претставува како „prosecco-loving yummy mummy“.

Во оваа доба од годината, оваа деловна одлука е уште поактуелна, бидејќи дружењето со клиентите и во попладневните и вечерните часови е очекувано.
Системот, како што велат и самите вработени, никој не го злоупотребува и дури и стручни лица ја истакнуваат важноста на позитивното и здравото работно опкружување, бидејќи од тоа зависи доброто на сите во фирмата. Инаку, неодамна истражувањето на BBC покажало дека 40% од вработените во Велика Британија попрво ќе излажат дека се болни, отколку да признаат дека им треба одмор од работата – ден за „излежување“ во кревет.