Ги искомбинира работата и задоволството, Емили Ратајковски го запали Миконос!

926

Супер сексапилната манекенка неколку дена ги помина во Миконос, Грција во друштво на своите колешки и пријателки Џиџи Хадид и Кејт Мос. Ако постои некој кој гордо сака да ги истакнува своите атрибуи, тоа сигурно е Емили Ратајковски. Манекенките поточно биле повикани во Миконос по повод отворањето на луксузен шопинг комплекс во селото Намос.

Но, работата и задоволството го искомбинирале, тие го искористиле и убавото време, со што Емили на својот Инстаграм профил нè почести со многубројни провокативни фотографии, каде секако во преден план се нејзините сексапилни атрибути. Па, така можеме да погледнеме како го поминува слободното време сончајќи се на јахта, прошетките во стариот дел на градот како и ноќните забави.

За Ратајковски ова не е прв пат да го посети Миконос, па таа сподели фотографија со која истакна дека се радува за нејзиното повторно враќање на грчкиот остров кој особено е популарен кај холивудските ѕвезди.

Иако секогаш позира максимално провокативно, таа е позната феминистка, која за арапското издание на Harper’s Bazaar изјави дека е лицемерно луѓето да осудуваат девојки кои одбрале слободно и отворено да го прославуваат своето тело и својата сексапилност.

Секако, Емили е особено омилена кај припадниците на посилниот пол, но и кај жените кои ѝ се восхитуваат на нејзината убавина и особено згодното тело, за што Емили вели дека покрај нејзините бујни атрибути, во минатото ѝ било многу тешко да пронајде агенти кои би ја ангажирале за работа. На крајот, Емили стана една од најпознатите и најзгодните манекенки во светот.