Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за Мирко Лазаревски за неговото учество на
квалификациите за СП 2025.
Државна видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија со огромно задоволство ја
продолжува поддршката за нашиот истакнат македонски скијач, Мирко Лазаревски. Со оваа
поддршка овозможуваме негова подготовка и учество на квалификациите за Светското
првенство 2025. Мирко ќе се натпреварува во дисциплините слалом и велеслалом.
Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на еден од
нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот
скијачки спорт. Ние сме горди што можеме да бидеме дел од неговиот пат кон ова светското
првенство. Уверени сме дека неговата посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за него,
така и за Македонија.
Мирко Лазаревски ќе се натпреварува на СП во Залбах, во Австрија од 14 до 16 февруари. Тој
изразува силна благодарност до тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, што го препознава и
верува во неговиот потенцијал.
Лазаревски има значајни достигнувања во националните и меѓународните натпревари, пред ова
најново соочување. Тој е најдобариот македонски скијач во неговата возрасна категорија. Мирко
веќе учествуваше на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во
Финска, како и други меѓународни натпреварувања.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


