Хаос во Нант: Улична војна поради полицаецот кој убил момче: Демонстрантите палеле автомобили и згради и фрлале камења и молотови коктели!

865

Француската влада повикала денес на смирување на тензиите по судирот меѓу полицијата со демонстрантите во Нант, кои протестирале поради смртта на момче кое било убиено од полицаец, кога со возило се обидело да го избегне контролниот пункт.

Момчето, во раните 20-ти години, го удрило полицаецот кога тргнало во рикверц кај контролниот пункт, а тогаш на него пукал друг полицаец, пренесува “Reuters” повикувајќи се на полициски извори.

Демонстрантите вчера палеле автомобили, кршеле продавници, фрлале молотови коктели кон полицајците, а запалиле и неколку згради во Нант, град на западот на Франција.

Нередите се смириле во раните утрински часови, откако полицијата добила засилување.

“Повикувам на апсолутно смирување на ситуацијата и апсолутно почитување на владеењето на правото”, изјавила француската министерка за правда, Никол Белубе.

Полициски извори навеле дека започнала истрага во врска со постапката на полицаецот кој пукал во момчето.