За да се стекне целосен имунитет, луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против новиот коронавирус двапати, пишува Ју-Ес-Еј Тудеј. Интервалот помеѓу двете дози веројатно ќе биде околу еден месец, а можно е дека ќе биде потребна дополнителна доза (booster) неколку години подоцна.
Научниците ширум светот работат на создавање на вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувач на Ковид-19 и сега веќе имаат индиции за тоа како би можело да изгледа вакцинацијата.
Две дози се веројатни затоа што САРС-КоВ-2 е нов вирус и никој нема антитела. Првата доза треба да го подготви имунолошкиот систем и да му помогне да го препознае вирусот, а втората ќе го зајакне имунолошкиот одговор.
„Повеќе од стотици кандидати за вакцини се во различни фази на тестирање низ целиот свет и скоро сите се очекува да бидат на режим со две дози“, вели Бери Блум, имунолог и професор по јавно здравје на Харвард.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















