Германската влада одлучи да му го додели тендерот на американски “IBM” за изработка на електронски пасош за вакцинации во земјата, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Споменатиот медиум, повикувајќи се на блиски извори од германската влада, пренесува дека “IBM” го победиле германски “Telekom”, компанија која минатата година заедно со “SAP” ја разви “Corona Warn” апликацијата.
Од германското министерство за здравство побарале понуди од повеќе компании, а според доверливите податоци, вакцинираните ќе добијат дигитален пасош преку центрите за вакцинација, лекарските ординации и преку сертификатите за примена вакцина.
Преку апликацијата која треба да ја развие “IMB”, рестораните, продавниците, фитнес центрите, хотелите и слично ќе можат да го регулираат пристапот на одредени граѓани со тоа што ќе проверат дали лицето е вакцинирано.
Според планот, после официјалната објава на одлуката на Владата, дигиталниот пасош би требало да биде изработен во рок од осум седмици, што ќе овозможи од јуни вакцинираните да го добијат тој електронски документ.