Ливерпул и Челси оваа сезона можеби го играат и најубавиот фудбал на Островот, а покрај тоа, играта им носи и резултати – „Редси“ имаат шест победи на шест натпревари, а Челси една победа помалку.
Идниот викенд на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон ќе се сретнат токму овие два клубови, а тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп има само пофални зборови за својот колега од таборот на Челси, Маурицио Сари.
„Тоа е најголемата поромена која што сум ја видел во еден така краток период. Стилот е сосема поинаков. Да бидам искрен, не можам да поверувам во тоа каков тренер е Сари. Го поддржував затоа што го гледав неговиот Наполи. Играа одличен фудбал, а сега тоа го прави и со Челси, иако неодамна пристигна во клубот“, изјави Клоп и додаде:
„За многу кратко време направи големи промени. Сари има голема почит од мене за неговата работа“, изјави Клоп.


![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-100x70.jpg)

