ФОТО: Фудбалска модернизација – вака ќе изгледаат стадионите во иднината

606

Во период кога пандемијата со коронавирусот владее во светот, се појавија неколку фотографии од револуционерните проекти на големите фудбалски гиганти во врска со нивните нови стадиони.

Со оглед на тоа што долго се чека на промена на изгледот на многу објекти во Европа, економската криза не се очекува да ги спречи богатите клубови да ја применат својата идеја.

Од поодамна е познато дека Реал Мадрид и Барселона ќе ги реновираат своите „домови“, тоа се очекува да го направи и Челзи, Милан планира да го модернизира „Сан Сиро“, тука е и Рома и стадиони во Брисел и Будимпешта, а секако од сите нив отскокнува спектакуларниот стадион кој се планира да се изгради во Кина.

Погледнете како треба да изгледаат стадионите „Сантијаго Бернабеу“, „Камп Ноу“, „Олимпико“, „Сан Сиро“, „Ференц Пушкаш Арена“…