Тешко повредени пешак и мотоциклист во сообраќајки во Скопје

192

Пешак и возач на мотоцикл се тешко повредени, а шест лица се здобиле со полесни повреди, во седум од 12 сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

За пречекорување на пропишаната брзина се санкционирани 62 возачи. Соообраќајната полиција исклучила од сообраќај12 лица под дејство на алкохол и две кои возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени 11 нерегистрирани возила.

Изречени се мерки за непрописно паркирање на 58 лица, а „пајакот“ подигнал 51 возило. Санкционирани се и тројца пешаци за поминување коловоз на црвено светло и шест возачи исто така за поминување на цревено светло. По еден возач е казнет за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин и за неправилно престигнување,како и дваца за неправилно престројување.

По повод „Европската недела на мобилност“ Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ на подрачјето на општина Кисела Вода

loading...