Многумина останаа воодушевени од улогата на Рами Малек во филмот “Bohemian Rhapsody” во кој го отелотвори фронтменот на групата “Queen”.
Но, видеото кое стана вирално на социјалните мрежи ќе ги воодушеви и оние кои се уште немале прилика да го погледнат филмот и кој се сомневаат во актерските способности на Малек.
Во дел од филмот кој го прикажува концертот “Live Aid” од 1985 година, еден од најдобрите настапи во историјата на рок музиката, Рами Малек без грешка го изимитирал секое движење на Фреди Меркјури. Видеото кое е објавено на Твитер го споредува исечокот од филмот и снимката од концертот на култната група “Queen”.
Имено, екипата на филмот “Bohemian Rhapsody” проследила се’ до најситен детаљ, па така помеѓу останатото, дури и ременот кој го носи Рами во филмот е закопчан на истото место како кај Фреди Меркјури.
I DIDNT REALIZE THEY DID IT THIS PRECISELY pic.twitter.com/05f6ZW1TMn
— BEST OF FREDDIE MERCURY (@MOMENTOFMERCURY) November 11, 2018
Оние кои го погледнале ова вирално видео не ги сокриле своите воодушевувања, а многумина коментирале дека Рами со оваа улога заслужува Оскар.
Дека Рами Малек потполно ѝ се посветил на улогата, потврдува и фактот што пред почетокот на снимањето на филмот, тој ја прегледал снимката од концертот повеќе од 1000 пати.