Фигурела има нов инстант пакет – Жешко лето, жешки цени и загарантирано топење на вишокот килограми

2377

Убавината потекнува од внатрешноста. Кога вие се чувствувате убаво и здраво, тогаш и вашата физичка убавина доаѓа до израз. Грижата за себе и телото е многу важна, бидејќи таа се одразува на секој аспект од вашиот живот. Сите стереотипи кои постојат, паѓаат во вода кога вие ќе решите да се сакате себеси такви какви што сте.
Можеби не можеме да ги избереме цртите на лицето или облините кои ги имаме природно, но можеме да одлучиме да живееме здрав живот и да го негуваме своето тело. Само тогаш ќе бидеме навистина убави. Токму според ова се води и тимот на брендот Фигурела кој успешно опстојува веќе осум години кај нас. Благодарение на Наташа Петровска македонските жени имаат можност да го доведат своето тело до
совршенство и да ја добијат посакуваната линија…

Швајцарскиот бренд Фигурела, кој на пазарот опстојува веќе долги години и е застапен во светот, веќе извесен период го имаме и во Македонија. Оваа година одбележувате осум години работа. Што е она што Фигурела го оствари за овие години и со каков успех можете да се пофалите?

Наташа: За прв пат со брендот Фигурела се сретнав во Виена и кога видов за што се работи, веднаш посакав да го испробам на себе за да го доведам своето тело во совршена форма. Во меѓувреме ги гледав и слушав успешните приказни на жените кои го користеле овој метод ширум светот, но бев скептик се додека резултатите не ги почуствував на своја кожа. Во истиот момент посакав Фигурела да ја донесам во мојот роден град со што ќе им овозможам на моите сограѓанки да ги почуствуваат благодетите. Постоиме веќе неполни осум години и за овој период можам да се пофалам со одлични резултати. Сите клиентки се презадоволни и секоја девојка, жена која го применувала методот во нашиот центар го добила очекуваниот резултат исто како и во другите центри низ светот.

Фигуела е стил на живеење. Токму така гласи и вашиот слоган кој во потполност ја објаснува функцијата на овој метод за слабеење кој важи за еден од најфункционалните и најрелевантни во светот. Ајде накратко да објасниме што всушност претставува Фигурела?

Наташа: Фигурела е бренд на естетски центри за слабеење и ремоделирање на женското тело во кои се применува еден ексклузивен метод. Се нуди бесплатна целосна анализа на фигурата на жената и преку компарација на нивната сегашна и идеална силуета се приготвува индивидуална програма. За време на целиот третман клиентката ја следи чекор по чекор стручна асистентка. Фигурела е патентирана од
страна на доктори од САД кои биле доволно сигурни во својот производ за да дадат писмена гаранција, односно гаранција за секој свој клиент.

Постојано се трудите да бидете во тренд со новитетите и бурно ги следите. На вашите клиенти им нудите големи попусти, изработувате разни акции се со цел да им излезете во пресрет на сите припаднички на понежниот пол кои сакаат да ослабат. Во моментов дали имате некоја акција и дали работите на некој таков проект?

Наташа: Во моментов имаме летен инстант пакет кој го нарековме “12 за во 5 за 12”! Во пакетот влегуваат 12 вежбања во Летино естатични куполи, 12 бањи во сув озон, нутриционистички совети и секако писмена гаранција за резултатите. Се одлучивме за вакво нешто од проста причина што многу жени поради многуте обврски не успеваат да најдат време за вежбање, а сепак сакаат да изгледаат добро на плажа, па токму со “12 за во 5 за 12” ќе можат да го остварат тоа. Освен овој пакет со вежби, тука се и масажите со оклагии, кои се доста популарни и го убиваат целулитот.

Велат, жената е силна и самоуверена само ако се чувствува убаво во сопствената кожа.Вие сте заштитно лице на овој бренд, а вашиот изглед во буквална смисла на зборот фасцинира и воодушевува. Дали вие го користите методот Фигурела? Во него ли се крие тајната за вашиот совршен изглед?

Наташа: Морам да признаам дека по природа јас сум гурман и уживам во храната. Но, сепак се трудам исто така што повеќе да внесувам здрави и органски производи . Дефинитивно Фигурела е тоа што ме одржува во ваква форма. Колку и да имам обврски не изостанувам и бар еднаш во неделата го применувам методот, освен кога патувам. Едноставно, неможам да го замислам мојот живот без физичката активност во Фигурела.