Фанатик: Фенербахче сериозно размислува да ја прифати понудата од Мадрид за Елмас

682

Турски „Фанатик“ најави дека истанбулскиот великан Фенербахче е на чекор да ја прифати понудата од шпански Атлетико Мадрид, поранешниот освојувач на Лига Европа и екс-шпански првак за макеоднскиот бисер Елиф Елмас.

Според турскиот весник на адреса на Фенербахче дошла понуда од 14 милиони евра плус хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ за да го купат Елмас и сега во Истанбул сериозно се размислува да се прифати оваа најдобра понуда, иако макеоднскиот репрезентативец неодамна објавил дека негов избор е милански Интер.

Наводно, тренерот на Фенер, Ерсун Јанал бара добар напаѓач и сега раководството на оваа понуда сериозно размислува зашто со тоа би се решило горчливото прашање за нападот. Особено што немало напредок во преговорите за ангажман на Макс Крусе или Александар Митровиќ во Фенербахче.

Сепак, истовремено додека „Фанатик“ ја најавува веројатната разрешница за Елмас, од англика неколку весници посочија дека лондонски Тотнем повторно се вклучува во трката и дека почнуваат преговори за ангажман на Македонецот, кој во Турција го процениле на 20 милиони евра. Сооглед дека Тотнем добро профитираше за историскиот пласман во финалето во ЛШ и заработија околу 90 милиони евра, сега постои шанса со конкретна понуда од 20 милиони евра да се урне понудата на Атлетико и Фенербахче да се предомисли.

Тоа што турските медиуми го потенцираат е дека од Италија, понудите на Интер, Наполи и Милан засега не се ни близу до сумата која ја бара истанбулскиот гигант. Борусија Дортмумд, пак, неодамна понудила два фудбалери во Шинџи Кагава и уште еден фудбалер со доплата плус за да го добијат Елмас.