Исклучително вкусен и ароматичен десерт за сите љубители на чоколадото.
СОСТОЈКИ:
За подлога:
300 г мелени бисквити
200 мл сок од портокал
3 лажици шеќер во прав
50 г маргарин
За фил:
500 мл слатка павлака
2 лажици шеќер во прав
100 г бело чоколадо
100 г темно чоколадо
2 кесички желатин
За глазура:
100 г темно чоколадо
100 г бело чоколадо
2 лажици масло
ПРИГОТВУВАЊЕ:
Подлога:
- Соединете го мелениот кекс со шеќерот во прав.
- Додајте ги растопениот маргарин и сокот од портокал, па добро промешајте.
- Обликувајте подлога од смесата, со дебелина од 5 мм.
Фил:
- Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
- Прелијте го желатинот со 12 лажици ладна вода и оставете го да набабри.
- Додајте го желатинот во слатката павлака, па поделете ја смесата на 2 дела.
- Растопете го белото чоколадо, замешајте го во еден дел од филот, а во другиот додајте го растопеното црно чоколадо.
Финална постапка:
- Врз подлогата, прво нанесете црн фил, па бел, па оставете да се стегнат, па исечете го колачот на коцки.
- За глазурата, растопете ги чоколадите со по 1 лажица масло, потоа, прелијте ги коцките и оставете ги додека се стегне глазурата.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















