Фатмир Етеми сопственикот на парцелата кај Мајчин дом кој има одобрение за градба од осум ката, вели дека ги разбира граѓаните кои протестираат, но дека тоа земјиште е негов приватен имот.
Јас сите правни процедури досега сум ги почитувал до крај. Долго време сум со бизнисот со градежништво и сум одличен познавач на овие постапки.
– Бев кај градоначалникот на средба и ме информира дека ќе донесе одлука за да го стопира градењето на зградата, бидејќи оградата на градилиштето не била поставена според одобрението за градба. Јас не се согласувам со тоа и ќе поднесам жалба. За да не дојде до овој проблем и до оваа ситуација требаше многу порано да се реагира, а не кога е уплатено земјиштето 3 милиони евра, комуналиите 2 милиони и кусур евра, вкупно се потрошени 5 и пол милиони евра, што е висока сума – изјави инвеститорот Етеми за 1ТВ.

– Јас сум доктор на науки за урбанизам и имотно-правни односи. Оваа градба каква што е сега во оваа фаза, не може да ја сопре општината, туку само Управен суд, а и тоа ќе биде тешко затоа што сите процедури се завршени и уплатени и поминат е во одделението за градба. Имам месечна кредитна рата од 183.000 евра и мојата фирма ќе банкротира ако општината привремено ми ја стопира изградбата, каква што е сега ситуацијата. На едната парцела, иако од исплатливост беше многу болно, ја скратив градбата за да остане уредување на зеленило, а на другата парцела која ја имаме добиено ќе има само разеленување. Го намаливме габаритот и квадратурата на зградата и ветивме дека ќе инвестираме во зеленилото – рече поранешниот пратеник од редовите на ДУИ и актуелен член на извршниот одбор на Комерцијална банка.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












