Град Скопје и Шилегов ќе платат 50 илјади евра за 45 жардињери

97

На Бирото за јавни набавки објавен е тендер за набавка на 45 жардињери, за кои Град Скопје и Градоначалникот Шилегов планираат да платат, верувале или не, 3 милиони денари односно 50 илјади евра.

Согласно објавената проектна документација на тендерот, Град Скопје планира да набави 3 типа на жардињери, а од секој тип би биле набавени вкупно по 15 жардињери.