Кандидатот на Демократската партија Ерик Адамс ќе биде нов градоначалник на Њујорк.
Адамс е претседател на општината Бруклин од 2014 година и тој ќе биде вториот црн градоначалник на Њујорк.
Тој го победи кандидатот на Републиканската партија Кертис Слива, кој на крајот на седумдесеттите години ја основа цивилната патрола Ангели чувари.
Ерик Адамс ветува дека ќе ја подобри јавната безбедност и ќе ѝ даде глас на работничката класа потпирајќи се врз своето искуство како капетан на полицијата и Афроамериканец што како млад ја осетил полициската бруталност.
Шеесет и едногодишниот Адамс ја презема должноста во јануари од демократот Бил де Блази, на кој реизборот му е ограничен по осум години на функцијата.
Адамс ќе се соочи со задача да го среди најголемиот американски град од пандемијата на коронавирусот и ќе мора да се соочи со социјалната нееднаквост, недостигот од достапни станови (за работничката класа) и со запуштеното јавно школство.
Дејвид Динкис беше првиот црн градоначалник на Њујорк и оваа функција ја вршеше од 1990 до 1993 година. Трката за реизбор тој ја изгуби од Руди Џулијани.