Епидемија на мали сипаници поради невакцинација на децата во Њујорк: Вакво нешто се нема случено со децении

140

Епидемијата на мали сипаници во американската сојузна држава Њујорк достигнала ниво какво што во САД не е видено цели 25 години, пренесува новинската агенција „АП“.

Њујоршките власти соопштиле дека во текот на изминатата седмица биле регистрирани 71 нови случаи, од кои 68 заразени случаи биле регистрирани во Њујорк. Во САД од почетокот на оваа година се забележани 626 случаеви на зараза со мали сипаници, додека неславниот рекорд бил забележан во 1994-та година кога биле заразени 963 лица.

Порастот на заразата од оваа болест бил забележан во 22 сојузни држави, но како што пренесува „АП“, најголемиот дел од нив биле пријавени во Њујорк, односно во главниот град на оваа сојузна држава и во околниот округ Рокленд.

Најголем број на случаи е забележан меѓу невакцинираните лица во еврејските заедници.

Инаку, во Рокленд кон крајот на март беше донесена одлука сите малолетни лица кои не се вакцинирани против морбили да бидат отстранети од јавните места додека не добијат ММР вакцина.

Од почетокот на оваа година само во Њујорк биле забележани 153 случаи на морбили, од кои 84 биле млади луѓе и деца. Инаку, властите на Њујорк неодамна прогласија итна јавна заштита од морбили, најавувајќи казни од илјада долари за оние кои не ја почитуваат задолжителната вакцинација.

„Ова е епицентар на избивање на зараза од мали сипаници која многу загрижува и мора веднаш да биде решена“, изјави градоначалникот Бил Де Блазио кој ги осуди кампањите против вакцинација и дезинформациите кои биле насочени кон родителите.

loading...