Ријана се мажи за арапскиот милијардер?: “Луда е по него”

0
322

Вети дека ќе издаде албум, но нејзините обожаватели не го дочекаа. Се посвети на дизајнирањето долна облека и козметика и избегнува појавувања во јавност, а сето тоа се чини, го прави поради своето момче Хасан Џамил.

Една од најпосакуваните дами во шоу бизнисот, пејачката Ријана, е спремна за брак, дознава “Metro.co”.

Нејзиниот избраник, Хасан Џамил е “тежок” 1,5 милијарди долари и е член на управата на семејната фирма Абдул Латиф Џамил чиј основач е неговиот татко. Неговото семејство, според Форбс, е четвртото најбогато семејство во Саудиска Арабија, но веројатно најпопуларно бидејќи во минатото тие донирале стотина милиони долари во хуманитарни цели.

Младиот Џамил пред неколку години беше во врска со Наоми Кембел, зад себе има еден брак, а сега е спремен остатокот од животот да го помине со атрактивната пејачка.

“Лудо е заљубена во него. Венчавката е само прашање на време, таа не може да дочека да ја запроси”, изјавил извор за британските медиуми.

Иако Ријана во последно време се држи понастрана од музичкиот свет, нејзините албуми, настапи, турнеи, линијата на долна облека, козметичката линија и рекламите ѝ донеле на банкарската сметка сосема “солидни” 250 милиони долари.

А кога парот ќе одлучи да го изрече судбоносното “да”, тоа ќе биде венчавка на годината.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here