ВМРО-ДПМНЕ: Заев лаже дури и кога се колне во сопствените предци и деца

905

Зоран Заев е човек на кого не може ништо да му се верува. Зоран Заев лаже дури и кога се колне во сопствените предци и во сопствените деца. Зоран Заев и СДСМ не можат да очекуваат поддршка за договор со кој државата ја капитулираат. Крајниот аматеризам и нетранспарентност со кои ги водеа преговорите резултираа со овој катастрофален договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија губи со овој договор. Државата губи дел од својот идентитет, губи делови од атрибутите кои не определуваат како народ, држава и граѓани. Заев директно удира во темелите на државноста, во Уставот на Република Македонија и со меѓународен договор го поткопува уставниот поредок, стои во реакцијата и се додава:

„ВМРО-ДПМНЕ не може и нема да го прифати и поддржи овој договор. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, со цел промена на уставното име. Оваа капитулантска влада мора час поскоро да си замине. Република Македонија не смее да продолжи по патот на катастрофалните политики на Зоран Заев. Република Македонија заслужуваа подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“.