Македонската мисица и модел Емилија Розман експресно „се сврши“, па „бракот на проба“ со несудениот сопруг Стефан Ангелкоски уште поекспресно и заврши. 24 часа познанство, две недели заедништво и толку од „љубовта на прв поглед“, која исчезна на „првата кривина“, онака како и што се појави – одненадеж и без трага.
Што ли беше тоа што Емилија преку ноќ ја натера да се препушти во брачните прегратки на непознатото момче, па од „брачните води“ во кои не влезе ни „до глуждови“, ја натера преку ноќ и да избега, македонската убавица се обиде во една-две реченици да го објасни во куста изјава за еден од македонските портали:
„Ние не бевме во брак како што пишуваат медиумите. Само се раскина свршувачката меѓу нас. Одлуката за самото запросување беше избрзана, нè понедсоа емоциите и се случи. Ќе гледам на ова како на една авантура, а нему му посакувам сè најубаво и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската за него“ – изјави Емилија за порталот „Репортер“, при тоа не спомнувајќи му го ниту името во изјавата на својот довчерашен потенцијален животен сопатник.